| МАССУМ има организирано повеќе активности и како организација била дел од многу реализирани проекти:
- Образовно Рандеву – 2006, 2007 и 2008 година со присуство на повеќе од 120.000 средношколци и посетители
- Организирање на лидерски кампови за обука на учениците
- Организирање на семинари на тема лидерство, тимска работа и толеранција
- Учество во проектот Глобално село
- Учество во Проект за рециклирање, организиран од страна на УСАИД
- Учество во проект Сите на училиште, организиран од Македонски центар за меѓународна соработка
- Доделување на грант награда од страна на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), за Изработка на промотивен ДВД рекламен материјал за активностите на организацијата
- Учество во проектот – Ден на дрвото – засади ја својата иднина.
- Подршка на Концерт на Тоше Проески
- Подршка на концертот во чест на Тоше Проески – Тоше те сакаме сите
- Зајакнување на капацитетите на локалните младински организации, обука за Проектен циклус
|