Партнери
НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРA ФОТОГРАФИЈА
Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за изработка на фотографија. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.
- На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ. - Секое училиште може да номинира најмногу 15 фотографии за учество на овој натпревар. Еден ист ученик има право да се појави како автор на најмногу 2 фотографии. Секое училиште треба да направи предквалификации на најдобрите фотографии доколку вкупниот број на фотографии го надмине бројот 15. Краен рок за пријавување на учесниците е 05 април 2012 година. - Фотографиите можат да бидат во колор или црно бели, во електронска или аналогна форма. Доколку се во дигитална форма мораат да бидат испорачани во .JPEG (.JPEG, .JPG) формат и да не се помали од 1600h1200. Доколку се во аналогна форма димензиите на фотографиите е пожелно да бидат испорачани со големина 16 см.х12см. или поголеми. - Фотографиите во аналогна или електронска форма на ЦД треба да бидат доставени по пошта на адреса:
Македонија Експорт, Ул. Црвена вода 8/14 1000 Скопје
- Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција. - Комисијата ќе го достави прелиминарниот список од десет избрани најдобри апликации и ќе ги извести апликантите најмалку една недела пред Образовното рандеву. Натпреварувачите (барем двајца доколку е трудот резултат на тимска работа) на денот на одржувањето на Образовното рандеву ќе имаат обврска да се појават пред комисијата да ги бранат трудовите. Потоа ќе се рангираат и прогласат најдобрите.
НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати
Сите пријавени фотографии ќе бидат прегледани и оценети од страна на стручна комисија. Избраните фотографии ќе бидат јавно прикажани на изложбата која ке се одржи во рамките на Массум натпреварите и на веб страната на Массум.
4. ОЦЕНУВАЊЕ
Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.
Прилог: Критериуми за оценување
|