Партнери
Целта на организирањето на овој натпревар е развивањето на вештини и знаења кај учениците за музиката и музичката култура воопшто. Истовремено учениците добиваат шанса на креативен начин да ги изразат своите идеи во врска со темите што ги преокупираат и евентуално да препознаат во себе афинитет за понатамошно усовршување во оваа област.
- На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија – МАССУМ. - Секое училиште моше да номинира бенд со 2 до 5 ученика за учество во овој натпревар и најмногу 3 соло изведувачи во стиловите R’n’B (аренби) стил, Xипхоп –стил, Beat Box, рок и поп стил. Еден ист бенд, односно соло изведувач може да се појави како автор на најмногу 3 авторски композиции. - Краен рок за пријавување на учесниците е 05 април 2012 година. - Музичката опрема за презентирање на своите нумери учесниците сами ги обезбедуваат. Организаторот обезбедува просторија, соответна бина и разглас. - Сите пријавени учесници ќе бидат прегледани од страна на стручна комисија која ќе изврши прелиминарна селекција. - Апликациите треба да се достават до одговорниот ментор
НАПОМЕНА: имињата на учесниците за сите натпревари, вклучувајќи го и овој натпревар, се пријавуваат во апликацискиот формулар кој секое училиште треба да го испрати.
Сите пријавени бендови и соло изведувачи ќе настапат и ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија. Избраните бендови и соло изведувачи ќе бидат јавно истакнати на веб страната на Массум.
4. ОЦЕНУВАЊЕ
Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.
Прилог: Критериуми за оценување
Одговорен ментор:
|