Партнери
Целта на организирањето на овој натпревар е развивање, практицирање и демонстрирање на вештини за дизајнирање и изработка на облека.
- На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина. - Секое училиште може да номинира најмногу 5 ученика-модни креатори за учество во натпреварот - Еден ученик може да учествува со најмногу 3 модели (сопствени креации) - Ученикот треба моделите да ги изработи самостојно - Ученикот може сам да го презентира својот модел(модели) или да одбере друг ученик како презентер (манекен) но тоа не смее да биде лице кое професионално се занимава со манекенство. - Ученикот слободно го избира видот на моделот (женски фустан, панталони, кошула, машка или женска гардероба и слично)
- Натпреварот ќе биде организиран во две категории: натпревар за текстилни училишта и натпревар за сите останати училишта кои ќе пријават кандидати. - Модната ревија ќе се одржи во рамките на Образовното Рандеву 2012 на подготвена бина на која ќе поминуваат манекените со ученичките модели по однапред утврден распоред
4. ОЦЕНУВАЊЕ
Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот. Судиите индивидуално ги оценуваат кандидатите а потоа поените се собираат.
5. НАГРАДИ
Наградите ќе бидат доделени на посебна церемонија и ќе бидат обезбедени од спонзори и од МАССУМ.
Прилог: Критериуми за оценување
НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати. Одговорниот наставник за соодветниот натпревар и рокот на пријавување ќе биде накнадно објавен. Одговорен ментор:
|