Најдобра Драмска Претстава
PDF Печати Е-пошта

НАЈДОБРА ДРАМСКА ПРЕТСТАВА

 

  1. 1. ЦЕЛ

 

Целта на организирањето на овој натпревар е популаризација на аматеризмот во уметноста и културата и развивање на вештини и знаења кај учениците од областа на драмската уметност.

 

  1. ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

 

-   На натпреварот можат да учествуваат само ученици од средните стручни училишта кои се членови на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на Македонија-МАССУМ и имаат платено годишна чланарина.

-   Секое училиште може да номинира една претстава за учество во овој натпревар.

-   Драмската претстава може да биде изведена на македонски, англиски или албански јазик.

-   Драмската претстава временски не смее да биде подолга од еден час.

-   Организаторот се обврзува да обезбеди сценски простор, а реквизитите и сценографијата за претставата се обврска на учесниците.

 

3. ОЦЕНУВАЊЕ

 

Оценувањето ќе биде според однапред утврдени критериуми дадени во прилогот.

 

Прилог: Критериуми за оценување

Мах. Можни поени

Резултат

Режиска поставеност

-   обработка на драмско дејствие

 

 

30

Сценографија

-   компатибилност со текстот

 

20

Актерска игра

 

 

30

Оригиналност

-   Иновативност

-   Понудени решенија

 

 

20

Вкупно:

100

 

НАПОМЕНА: Имињата на учесниците за сите натправари, вклучувајќи го и овој натпревар, ќе се пријавуваат во апликацискиот формулар кое секое училиште треба да го испрати.

 

Одговорен ментор:

Зорица Пецова

075-320-833

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите